Линкови за пристапност

Новинарката Сабери најави дека наскоро - ќе проговори за нејзиното затворање во Иран


Американската новинарка Роксана Сабери заедно со родителите допатува во Австрија каде ќе биде на опоравок по четиримесечниот престој во ирански затвор.
Сабери најави дека планира да мине неколку дена во Австрија пред да се врати во САД. Таа кажа дека се` уште не е подготвена да проговори за она што и` се случило во Иран, но најави дека наскоро ќе го стори тоа, не само за времето што го мина во затвор, туку и за настаните што довеле до тоа да биде приведена.

32-годишната Сабери, која има двојно американско-иранско државјанство, беше уапсена во јануари додека купувала шише вино, што е илегално во Иран. Минатиот месец, пак, беше осудена за шпионирање. Откако нејзиниот адвокат поднесе жалба на пресудата, судијата и` ја намали казната и ја ослободи од затвор во понеделникот.

XS
SM
MD
LG