Папата Бенедикт ја заврши блискоисточната турнеја со апел: без нови крвопролевања, без борби, без тероризам, без војна. Водачот на Римокатоличката говореше на главниот израелски аеродром, на крајот од еднонеделната турнеја по регионот. Претходно, тој упати порака за надеж на едно од најсветите христијански места.
Папата се помоли во Црквата на Светиот Гроб во Ерусалиум, на местото каде повеќето христијани веруваат дека Исус бил распнат, погребан и воскреснал. Папата Бенедикт рече дека го завршил патувањето по Светата земја со молитва за мир, правда и соработка меѓу сите луѓе.
За време на турнејате, Папата се насочи на градење
врски меѓу христијанството, исламот и јудаизмот. Тој во минатото беше мета на критики на
припадници на други вери.