Што знаеле членови на Конгресот од обете политички партии за таканаречените „зајакнати техники“ за испрашување и кога дознале за нив, стана клучен елемент во контроверзата во врска со употребата на сурови методи за прибирање информации од осомничени терористи од страна на администрацијата на претседателот Буш.
Малцинските републиканци велат дека брифирале членови на Конгресот во годината по терористичките напади на 11-ти септември, наведувајќи дека Пелоси и други клучни демократи биле информирани, а можеби дури и поддржувачи, за техниките за испрашување, како што е симулирањето на давење.
Пелоси на средба со новинарите прочита соопштение каде кажа дека во 2002-ра, како демократ од висок ранг во Комисијата за разузнавање на Претставничкиот дом, таа и уште тројца законодавци биле брифирани за методите за испрашување.
Таа уште еднаш подвлече дека не и било кажано дека техниката со симулирање давење била користена врз осомничени терористи, иако официјални лица споменале дека правниците од Одделот за правда под администрацијата на Буш заклучиле дека методите биле во согласност со законот.
Пелоси рече дека потврда за употреба на техниката на стимулирано давење дошла пет месеци подоцна во 2003-та, на друг брифинг за тогашниот републикански претседавач и нов демократ од висок ранг во Комисијата за разузнавање на Претставничкиот дом. Пелоси рече дека тогаш демократите испратиле писмо до ЦИА во кое изразиле загриженост.
За бидат работите уште позамрсени, Пелоси кажа дека ЦИА, како и администрацијата на Буш, го завела Конгресот за тактиките за испрашување и за причините за влегување во ирачката војна.
Забелешките на Пелоси уследија откако ЦИА обелодени документи од официјални лица во кои стои дека членови на Конгресот биле брифирани на оваа тема.
Портпаорлот на ЦИА рече дека Конгресот треба да провери дали белешките на персоналот на ЦИА за тие брифизи се точни.
Пелоси вели дека фокусирањето на ова е тактика на републиканците за пренасочување на вниманието, и ја повтори заложбата за формирање комисијата која ќе ја открие вистината.
Лидерот на Републиканците во Претставничкиот дом Џон Бонер не се согласи со ваквата оценка. Тој кажа дека „проблемот е во тоа што спикерот на Претставничкиот дом има премногу приказни за едно прашање“ и што тоа покренало „повеќе прашања отколку што дава одговори“.
Бонер и други републиканци исто така повикаа администрацијата на Обама да нареди објавување на документите, како што бараше и поранешниот потпретседател Дик Чејни, со кои ќе обезбедат докази дека бруталните методи на испрашување оперативци од Ал-Каида донеле важни против-терористички информации.