Линкови за пристапност

Американски астронаути по вторпат излегоа во вселената за поправка на Хабл


Двајца американски астронаути од шатлот Атлантис по вторпат излегоа во вселената, во рамки на амбициозната и опасна мисија за поправка на вселенскиот телескоп Хабл. Мајк Гуд и Мајк Масимо во рок од шестипол часа имаат задача да инсталираат вкупно шест нови жироскопи што ќе ги заменат трите што не работат. Ова е приоритет за НАСА, со оглед на тоа што жироскопите помагаат за правилно насочување на џиновскиот телескоп. Мисијата на Атлантис е поопасна од другите спејс-шатл мисии, бидејќи телескопот се наоѓа во орбита полна со вселенски отпадоци од судири на сателити и ракетни лансирања.

Екипажот ќе изведе вкупно пет вселенски прошетки,чија цел е Хабл да остане оперативен за уште најмалку пет години. Телескопот е во орбитата веќе 19 години и ова е последна мисија за негова поправка и усовршување.

XS
SM
MD
LG