Линкови за пристапност

Бројот на заболени од свински грип во светот нарасна за 1.000


Светската здравствена организација (СЗО) јави дека бројот на потврдени случаи на вирусот А-Х1-Н1 на свинскиот грип во светот нараснал за 1.000 лица во само еден ден. СЗО во петокот соопшти дека сега има вкупно 7.520 случаи во 34 земји.

Малезија и Перу во петокот потврдија први случаи на своја територија, додека Перу го стори истото во четвртокот.
Малезиското министерство за надворешни работи соопшти јави дека 21-годишнен ученик поради грипот бил хоспитализиран во четвртокот, еден ден откако се вратил од САД. Тој се наоѓа во стабилна сосотјба.

Според податоците на СЗО, од свинскиот грип досега починаа 65 лица – најголемиот дел во Мексико.

XS
SM
MD
LG