Линкови за пристапност

Пакистан привремено го укина полицискиот час во Сват; цивилите бегаат


Пакистанските власти во рок од осум часа во петокот го укинаа полицискиот час во Долината Сват каде армијата уште од минатата недела води операција против милитантите на Талебан. Кревањето на полицискиот час им овозможи на илјадници цивили да ја напуштат областа во време кога армијата се подготвува за акција против Талебан во главниот град на областа, Мингора.

Преполни автомобили и автобуси ја напуштаа областа, а многумина заминаа и пеш, упатувајќи се кон бегалските кампови во јужниот дел од земјата.

Официјални лица велат дека над 900.000 лица ги напуштиле домовите во последниве неколку недели откако се интензивираа престрелките, покрај половината милион кои заминаа поради претходни немири.

Армијата во петокот соопшти дека убила 55 талебански милитанти во долината Сват во последните 24 часа.
Во време кога армијата се подготвува за пресметка со Талебан во Мингора, армиски извори тврдат дека некои милитанти ги бричат брадите и се потстрижуваат, во обид да ја напуштат областа заедно со цивилите.

XS
SM
MD
LG