Линкови за пристапност

Астронаутите од Атлантис инсталираа нова камера на вселенскиот телескоп Хабл 


Астронаутите Џон Грансфелд и Дру Фејстел од леталото Атлантис инсталираа нова камера на вселенскиот телескоп Хабл, што ќе овозможи подалечен поглед во универзумот.

За таа цел тие минаа преку шест часа на отворено во вселената. Ова е прво од петте излегувања во вселената што астронаутите на шатлот Атлантис ќе ги направат за поправка на Хабл и продолжување на неговиот оперативен век за барем уште пет години. Телескопот се наоѓа во орбитата на Земјата уште од 1990-та и ова е петта и последна мисија на негово сервисирање.

XS
SM
MD
LG