Линкови за пристапност

Северна Кореја ќе изведе пред суд две американски новинарки


Севернокорејската новинска агенција под државна котрола најави дека судењето на американските новинарки Јуна Ли и Лаура Линг, кои беа уапсени во март долж границата со Кина, ќе започне на 4-ти јуни.

Во веста од една реченица не се наведува обвинението против новинарките. Официјален Пјонгјанг претходно има соопштено дека тие илегално влегле во земјата за да извршат „непријателски чинови". Некои аналитичари сметаат дека Северна Кореја се обидува да ги искористи новинарките за нагаѓање со САД, со цел да добие дипломатска предност. Претходно неделава, САД соопштија дека Северна Кореја одбива конзуларен пристап до новинарите.

XS
SM
MD
LG