Линкови за пристапност

Пакистанскиот премиер вети победа против Талебан, помош за раселените во армиската операција


Пакистанскиот премиер Јусуф Раза Гилани се заложи дека ќе извојува армиска победа против милитантите на Талебан во северозападниот дел на земјата, но истовремено предупреди дека владата би можела да ја загуби јавната поддршка ако не успее да се справи со бранот бегалци кои ги напушаат домовите поради насилството.

Гилани во обраќање во пакистанскиот парламент подвлече дека егзодусот во Долината Сват е најголемо раселување во Пакистан откако земјата стекна независност во 1947-ма.

ОН соопштија дека немирите принудиле околу 800.000 лица да ги напуштат домовите, со што бројот на раселени поради насилствата во текот на изминатата година нарасна на преку еден милион. Европската унија во четвртокот најави итна помош за раселените во вредност од 7,5 милиони долари.

Според новинските извештаи од Сват, припадници на забранетата добротворна група Џамат е Дава, која е поврзана со милитантите од Лашкар е Таиба, даваат помош на раселените и организираат нивен транспорт до камповите за бегалци.

XS
SM
MD
LG