Линкови за пристапност

Меѓународната заедница загрижена за водачката на бурманската опозиција


Државници ширум светот со загриженост реагираа на веста дека водачката на бурманското продемократско движење Анг Сан Су Чи била одведена во затвор во Рангун.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун и други светски лидери побараа од бурманските власти веднаш да ја ослободат Анг Сан Су Чи и истовремено да го укинат нејзиниот долгогодишен куќен притвор. Британскиот премиер Гордон Браун рече дека воената влада на Бурма очигледно бара изговор да го продолжи незаконскиот притвор на Анг Сан Су Чи.

63-годишната добитничка на Нобелова награда е во куќен притвор 13 од последните 19 години. Во четвртокот таа беше одведена во затвор во Рангун под обвинение поврзано со неовластена посета на нејзиниот дом од страна на еден Американец. Американската амбасада во Рангун ги контактирала бурманските власти, барајќи појаснување на обвинението, за кое адвокатот на Анг Сан Су Чи вели дека може да и` донесе петгодишна казна затвор.

XS
SM
MD
LG