Линкови за пристапност

Обама е против објавување нови фотографии на злоставувани притвореници


Претседателот Барак Обама вели дека фотографиите од злоставувани притвореници во Ирак и Авганистан не треба да бидат објавени, не затоа што се „особено сензационални", туку затоа што „ништо добро нема да се стори со нивно публикување".

Обама на новинарите пред Белата куќа им кажа дека фотографиите биле предмет на истрага зашто покажуваат однесување што не се совпаѓа со правилата на однесување во американската армија. Тој рече дека луѓето одговорни за таков третман се идентификувани и по тоа е постапено.

Обама исто така кажа дека побарал од неговиот тим правници да се избори за необјавување затоа што е загрижен дека сликите ќе се одразат на безбедноста на американските трупи во Ирак и Авганистан.

Американската унија за граѓански слободи изрази разочараност од ставот на претседателот.

XS
SM
MD
LG