Линкови за пристапност

Папата Бенедикт се помоли за крај на блокадата на Газа


Папата Бенедикт ја реафирмираше својата заложба за „суверена палестинска татковина“ и се помоли за крај на блокадата на Газа. Поглаварот на Римокатоличката црква говореше во средата во Витлеем на Западниот Брег, за време на својата прва посета на палестинската територија како Папа. Тој се сретна со претседателот на Палестинската управа Махмуд Абаз, на кој му ја пренесе “длабоко сочувствување“ со оние кои биле погодени од израелската армиска офанзива во Газа нешто порано годинава.

Христијаните од Газа беа меѓу оние кои зедоа учество во мисата што Папата ја одржа во Витлеем во средата, откако Израел даде дозволи на стотина од нив да го напуштат Појасот Газа и да присуствуваат.

Папата се наоѓа на еднонеделна турнеја по Блискиот Исток со цел да промовира согласност меѓу трите главни монотеистички религии – јудаизмот, христијанството и исламот.

XS
SM
MD
LG