Линкови за пристапност

Седуммина загинати во самоубиствен напад во источен Авганистан


Во самиоубиствен напад со автомобил-бомба пред американската база во градот Кост во источен Авганистан загинале седум цивили, јавија авганистански претставници. Ден претходно, неколку милитатнти се забарикадираа во владини згради во истиот град, по што со часови беа во престрелка со авганистанските и коалициони сили.

Градоначалникот Хамдидула Каландерзаи во интервју за Гласот на Америка ја бранеше реакцијата на силите за безбедност, велејќи дека никој не може да стави таков напад под контрола за кусо време.

Американски претставници соопштија дека јужно од Кост, во покраината Пактика, загинале двајца цивили за време на воздушен напад против милитантни кои испукале ракети врз пункт на коалиционите сили во средата. Во нападот биле убиени шест бунтовници.

Авганистански претставници во средата соопштија дека во американски воздушен напад од минатата недела загинале 140 цивили во две села во покраината Фарах, од кои голем број биле деца. Американски армиски портпарол го оспори бројот на загинати.

XS
SM
MD
LG