Линкови за пристапност

САД станаа членка во Советот за човекови права на ОН


САД за прв пат се избрани во 47-члениот Совет за човекови права при ОН, чие седиште е во Женева, и се една од вкупно 18-те земји кои синоќа ги изгласа Генералното собрание на ОН. САД добија 167 гласови – многу повеќе од неопходните 97.

Изборот на САД со тригодишен мандат во Советот доаѓа само два месеци откако владата на претседателот Барак Обама најави дека побара членство, што претставува промена од политиката на претходната влада на претседателот Џорџ Буш, која ја бојкотираше организацијата.

Буш сметаше дека Советот е премногу фокусиран на критикување на Израел и ги игнорира прекршувањата на основните човекови права во Судан и други делови од светот. Но, новата државна секретарка Хилари Клинтон коментираше дека човековите права се суштински елемент на американската надворешна политика.

Американскиот амбасадор во ОН Сузан Рајс изјави дека САД се благодарни за големата поддршка што ја добија за членство во Советот.

XS
SM
MD
LG