Линкови за пристапност

Опаѓа малопродажбата во САД; Гајтнер вели дека најлошото поминало


Американскиот секретар за финансии Тимоти Гајтнер смета дека завршил значителен дел на процесот на прилагодување предизвикан од рецесијата. Во обраќањето пред група банкари во средата, Гајтнер порача дека финансискиот систем започнал да се опоравува, што го припиша на енергичните мерки за одмрзнување на кредитниот пазар, подобрувањето на регулативата и стабилизирањето на пазарот на домување.

Претходно, Одделот за трговија издаде извештај според кој малопродажбата во САД опаднала втор месец по ред заклучно со април, и тоа за четири десетини од процентот. Експертите будно го следат нивото на продажба, бидејќи на потрошувачката отпаѓаат околу две третини од целокупната економска активност во САД. Неповолниот резултат го покренува прашањето за подготвеноста на потрошувачите да купуваат и така да помогнат во заздравување на економијата.

XS
SM
MD
LG