Некои експерти велат дека најлошото од рецесијата можеби поминало, но други се песимисти за економската состојба.
Анкетата што ја направи медиумската организација Блумберг, а во која испитаници се економисти, предвидува дека стапката на невработени во САД ќе се зголеми понатамошно годинава, од 8,9 на 9,6 проценти. Економистите очекуваат американската економија за забележи опаѓање од 1, 9 проценти во април, мај и јуни, а полека да започне да расте до крајот на годината.
Економистот-нобеловец Пол Кругман смета дека САД и другите влади треба да направат повеќе од актуелните пакети за економско стимулирање и намалување на каматните стапки.Тој вели дека половичните мерки не се доволни за да помогнат на банките и да го зајакнат растежот. Но, шефот на европската централна банка Жан Клод Тришет во понеделникот изјави дека глобалната економија го минала најтешкиот период од рецесијата и е подготвена за подобри времиња.