Линкови за пристапност

Главните банки во САД преземаат чекори за евентуално влошување на економската состојба


Една од најголемите приватни банки во САД „Банк оф Америка“ ја зголемува залихата на готови пари за да се осигура дека ќе преброди евентуална нова економска криза.

Според новинските извештаи, банката обезбедила 7,3 милијарди долари преку продажба на 13,5 милијарди во акции во кинеската “Констракшн бенк“ на две кинески компании и една фирма со седиште во Сингапур.

Минатата недела американската влада ги објави резултатите на таканречениот „стрес тест“ што ја испитуваше способноста на банките да преживеат во случај на влошување на економската ситуација. Владата утврди дека „Банк оф Америка“ треба да обезбеди речиси 34 милијарди долари за да се осигура дека нема да пропадне доколку дојде до влошување на рецесијата. На девет други банки им беше порачано да го сторат истото.

И одговорните во ЕУ денеска најавија дека до септември планираат да спроведат сличен тест во европските банки, но за разлика од САД, Унијата нема да објави резултати за секоја банка поединечно.

XS
SM
MD
LG