Линкови за пристапност

Пакистан во офанзива против Талебан во Долината Сват, илјадници цивили раселени 


Пакистански воени хелихоптери во вторникот донесоа засилувања за копнените сили зад позициите на Талебан во Долината Сват, додека стотици илјади лица и натаму ја напуштаат областа. Засилувањата се распоредија во зафрлената област Пиочар во северниот дел на Сват, за кој се претпоставува дека е упориштето на талебанскиот командант Маулана Фазлула.

Според пакистанска армија, во офанзивата што започна минатата недела биле убиени над 750 милитанти.

Армиски претставници велат дека околу 800.000 цивили ја напуштиле областа поради борбите. Според нивните податоци, бројот на раселени лица како резултат на судирот нараснал на преку еден милион.

Агенцијата за бегалци на ОН по воздушен пат достави 120 тони хуманитарна помош во Пакистан наменета за раселените. Портпаролот на Светската програма за храна Емилија Касела, пак, кажа дека нејзината организација има доволно храна за 1,5 милион лица во рок од три месеци.

XS
SM
MD
LG