11 бомбаши самоубијци нападнале владини објекти во источниот град Кост, при што загинале најмалку 9 лица, а 16 се повредени, соопштија авганистанските власти.
Целта на нападите, што започнале во вотрникот наутро, биле канцеларијата на гувернерот и општинската зграда. Напаѓачите земале неколку лица во заложништво во општинската зграда. Американски и авганистански сили подоцна упаднале во објектот, при што биле убиле тројца бунтовници и ги ослободиле заложниците.
Талебан презеде одговорност за нападите, тврдејќи дека испратил 30 напаѓачи.
Во Кост се наоѓа голема американска воена база.
Во меѓувреме, американската армија го обвини Талебан дека во нападите во источен Авганистан користел бел фосфор, што причинува хемиски изгореници. Армијата вчера објави претходно доверливи документи во кои стои дека најмалку 38 пати милитантите во нападите употребиле бел фосфор, или пак тој бил пронајден во нивните залихи на оружје.