Линкови за пристапност

МКГ: Интеграцијата на српското малцинско на Косово и натаму предизвик


Меѓународната кризна група (МКГ) вели дека интегрирањето на српското малцинство во Косово останува главен предизвик, повеќе од една година откако албанските лидери објавија независност од Србија.

Групата наведува дека српската влада се обидува да ги изолира Србите од косовските институции, како дел од својата политика да ја минира независноста на својата поранешна покраина. Белград сака да предизвика егзодус на Србите од Косово преку задоволување на потребите на оние кои сакаат да заминат, тврди МКГ и додава дека косовската влада и меѓународната заедница се залагаат за децентрализација како за најдобриот начин да ги вклучат Србите во косовските институции и да ги убедат дека нивната иднина е во таа држава.

МКГ ја повика косовската влада да ја третира децентрализацијата како приоритет и побара од српската влада да обезбеди помош за Србите без да ги поткопува косовските институции или да ги изолира Србите од општеството.

XS
SM
MD
LG