Линкови за пристапност

СЗО: Бројот на заболени од свинскиот грип нарасна на 5.200


Светската здравствена организација соопшти дека дека бројот на заболени од вирусот А-Х1Н1 на свинскиот грип нараснал на 5.200 лица во 30 држави.

Финска и Тајланд се меѓу најновите кои потврдија случаи на заразени. Властите на обете земји велат дека заболените неодамна престојувале во Мексико – местото каде што изби заразата. И Куба го потврди својот прв случај. Во коментар објавен на Интернет, поранешниот кубански претседател Фидел Кастро го обвини Мексико дека чекал да заврши посетата на американскиот претседател Барак Обама минатиот месец, па потоа да ја информира јавноста за појавата на свинскиот грип.

Мексико јави за две нови жртви од вирусот, со што бројот на тамошни загинати се искачи на 58. Мексиканскиот министер за здравство Хозе Ангел Кардова рече дека вирусот полека го губи интензитетот.

Од свинскиот вирус во САД загинаа тројца, едно лице во Костарика и едно во Канада.

Други случаи на свински грип се потврдени во Гватемала, Ел Салвадор, Панама, Колумбија, Аргентина, Бразил, Италија, Швајцарија, Шпанија, Португалија, Франција, Ирска, Британија, Холандија, Данска, Норвешка, Шведска, Полска, Германија, Австрија, Израел, Јапонија, Јужна Кореја, Кина, Австралија и Нов Зеланд.

XS
SM
MD
LG