Линкови за пристапност

Вселенска мисија за поправка на телескопот Хабл


Спејс-шатлот Атлантис е подготвен за лансирање во понеделникот попладне од Вселенскиот центар Кенеди во Флорида, на мисија за поправка на вселенскиот телескоп Хабл, соошти НАСА.

Американската вселенска агенција предвидува дека временските услови ќе бидат 90 проенти поволни за лансирање, со што седумчлениот екипаж ќе добие зелено светло за мисијата за време на која ќе инсталира нови камери и опрема на телескопот Хабл, а ќе поправи и дел од постојните инструменти.

Со поправките телескопот ќе може да се употребува барем во наредните пет години.

Хабл беше лансиран во вселената и започна со работа во 1990-та. Поради тоа што се наоѓа над атмосферата на Земјата, има капацитет да прави фотографии подлабоко во вселената, за разлика од другите телескопи

XS
SM
MD
LG