Линкови за пристапност

Алат што исфрла искри - причина за пожарите во Калифорнија


Властите во сојузната држава Калифорнија сметаат дека алат што исфрла искри навидум бил причината за шумскиот пожар што опустоши 77 домови и над 3.500 хектари. Локални претставници во крајбрежниот град

Санта Барбара веруваат дека некој употребил таков алат за кастрење на вегетацијата. Истрагата побара евентуалните сведоци да ги контактираат властите и да дадат информации.

До неделата, пожарникарите успеаја да совладаат две-третини од огнената стихија, потпомогнати и од стивнувањето на ветровите и густата магла. Пожарот почна да се шири на 5-ти мај и доведе до евакуација на повеќе од 30.000 лица.

XS
SM
MD
LG