Кинеското министерство за здравство потврди дека 30-годишно лице кое кон крајот на минатата недела допатувало од САД е првиот случај на заболен од вирусот А-Ха1Ен1 на свински грип на главниот дел на кинеската територија. Властите велат дека кинескиот државјанин по слетувањето во Ченгду заминал во болница, каде се наоѓа и натаму во карантин.
Државната новинска агенција Ксинхуа јави дека властите ги лоцирале и ставиле во карантин речиси сите други патници од летот. Во карантин се и девојката на лицето, како и такси-возачот кој ги земал од аеродромот.
Според најновите податоци на СЗО, 30 земји потврдиле вкупно околу 4.700 случаи на свински грип, што е за 300 повеќе од претходните податоци објавени во неделата. Досега починаа 53 лица – речиси сите од Мексико.