Линкови за пристапност

Папата во посета на Израел


Папата Бенедикт пристигна во Ерусалим - најчуствителниот дел од неговата турнеја по Блискиот Исток. Претходно, израелскиот претседател Шимон Перес го пречека поглаварот на Римокатоличката црква на аеродромот во Тел Авив. Посетата доаѓа во време кога голем број израелски Евреи се гневни на одлуката на Папата да спречи исклучување од Црквата на бискуп кој го порекнувал холокаустот.

Во говор пред да замине за Ерусалим, Папата кажа дека антисемитизмот е - „целосно неприфатлив“ и се заложи дека ќе го одржува живо сеќавањето на шесте милиони жртви на холокаустот. Во рамки на неговиот престој во Ерусалим е и посетата на Меморијалниот центар на холокаустот Јад Вашим.

Папата исто така ги повика Израелците и Палестинците да постигнат мировен договор, подвлекувајќи дека обете страни би требало да можат „да живеат во мир, во сопствена татковина, во рамки на безбедни и меѓународно признати граници“.

Подоцна неделава, Папата ќе посети неколку места во Израел и на Западниот Брег, а ќе се сретне и со палестински претставници. Пред Израел, тој го посети Јордан.

XS
SM
MD
LG