Линкови за пристапност

Екипажот на Атлантис на мисија за поправка на Хабл


Американскиот вселенски шатл Атлантис со седумчлениот екипаж се во вселената на мисија за поправка на телескопот Хабл.

Илјадници луѓе се собраа на сончевото време да го гледаат лансирањето од Вселенскиот центар Кенеди во Флорида. НАСА го опиша настанот како „совршена слика", испраќајќи го шаталаот на деветминутно искачување во орбитата.

Екипажот на Атлантис планира да направи вселенски прошетки за инсталирање на нови камери и опрема на телескопот Хабл. Тие исто така ќе поправат некои скршени инструменти за време на нивната 11-дневна мисија.

Поправките треба да го одржат телескопот во функција најмалку уште пет години.

НАСА вели дека целата мисија ќе чини една милијарда долари.

XS
SM
MD
LG