Линкови за пристапност

Белата куќа планира заштеда од 2 трилиони долари во здравствената заштита наредните 10 години


Американскиот претседател Барак Обама ќе најави план за заштеда на речиси 2 трилиони долари во трошоците за здравствена заштита во период од наредните 10 години.

Претставници на Белата куќа велат дека организациите од приватниот сектор се заложиле да скратат 20 проценти од предвидените зголемени трошоци во наредната деценија.

Претставници на шест организации од областа на здравствена заштита – меѓу кои и синдикати, болници и фарцевтската индустрија, во понеделникот и формално ќе ја поднесат својата понуда до претседателот.

Согласно најавениот план, Белата куќа проценува дека заштедата по пет години ќе резултира во 2.500 долари помалку годишно во здравствени сметки по четиричлено семејство.

Па сепак, се` уште не е јасно како организациите од здравствениот сектор планираат да заштедат толку пари, како и дали владата на Обама може да го оствари нивното ветување во пракса.

Предложениот владин буџет на претседателот Обама во вредност од 3,6 трилиони долари вклучува план за реформа на здравствената заштита.

XS
SM
MD
LG