Линкови за пристапност

Вселенско рандеву на Атлантис со Хабл


Вселенскиот шатл Атлантис во понеделник ќе биде лансиран да се спои во орбитата со вселенскиот телескоп Хабл.

Во орбитата астронаутите ќе го маневрираат телескопот во карго просторот на шаталот, каде ќе можат да направат се што треба за да го одржат Хабл во добра форма додека не се испрати негова замена, за пет години.

Телескопот ќе добие нови научни инструменти, батерии и гироскопи, вели астронаутот Мајк Масамино:„Ќе инсталираме нова камера која ќе ја зголеми можноста на телескопот да се регистрира работи во универзумот за десет пати, со што ќе имаме многу добри фотографии ако ја завршиме добро оваа работа.Очекуваме многу од новата камера. Ова ќе ги зголеми научните способности на телескопот."

Масамино, кој ќе биде на една од петте вселенски прошетки, беше и на еден од претходните летови за поправка на Хабл. Неговиот колега Џон Грансфилд, бил на три од тие патувања: „Хабл се наоѓа во орбитата веќе 18 години. Тоа е значаен период за било кое вселенско летало кое оперира во таква нечиста средина.Тоа влијае на трајноста на телескопот".

Грансфилд е физичар и астроном. Тој вели дека е важно да се одржи Хабл во работна состојба што е можно подолго поради придобивките што вселенскиот телескоп ги сторил за науката: „Со помош на него науката го потврди тоа што го очекувавме. Откритието дека црните дупки навистина постојат, а тоа се масивни црни дупки милиони пати поголеми по маса од сонцето. Помогна во мерењето на староста на универзумот. Даде одговор на фундаменталните прашања кои луѓето ги поставуваат за космосот откако се во можност да прашуваат."

По фаталниот инцидент во 2003-та, НАСА ја откажа планираната мисијата за поправка на Хабл. Официјални лица од вселенската агенција сметаа дека летот е премногу опасен. Ако има проблем со шаталот, тие велеа дека астронаутите би биле заглавени и нема да можат да најдат безбедно прибежиште во вселенската станица, која кружи во различна орбита.

Но, астрономите и другите поддржувачи на вселенскиот телескоп повикаа на преразгледување на одлуката. Тоа се случи, но само откако НАСА воведе нови безбедносни мерки. Командантот на екипажот Скот Алтман објаснува што ќе се случи ако западнат во неволја: „Ќе се засолниме во дел од спејс-шатлот, ќе го намалиме користењето на кислородот на минимум и ќе чекаме околу 25 денови пред некој да дојде на помош."

Во меѓувреме, официјалниот претставник од НАСА, ЛеРој Кеин вели дека вселенскиот шатал Ендевор ќе биде на готовс во случај да биде потребна спасувачка мисија.

Со само уште неколку летови преостанати на програмата, НАСА почна со отпуштања. Речиси три децении по првиот вселенски лет во 1981-ва, трите преостанати орбитери ќе бидат приземјени следната година.
XS
SM
MD
LG