Линкови за пристапност

Папата на блискоисточна турнеја порача дека длабоко го почитува исламот


Папата Бенедикт во Јордан изрази „длабока почит“ за исламот на почетокот на еднонеделната турнеја по Блискиот Исток. На петочниот собир во Аман, на кој присуствуваше и јорданскиот крал Абдула, водачот на Римокатоличката црква порача дека верската слобода е фундаментално човеково право.

За време на тридневната посета на Јордан, Папата ќе се сретне со муслимански верски водачи, ќе посети џамија, како и библиски локации.

Членови на јорданското движење „Муслиманско братство“ ја бојкотираат посетата, се` уште гневни што Папата во 2006-та цитираше со векови стара критика на исламот.

Бенедикт ќе одржи миса на стадион во Аман во сабота. Католиците сочинуваат помалку од два проценти на јорданското претежно муслиманско население.

Папата во рамки на турнејата, за која се очекува дека ќе придонесе за подобрување на односите меѓу муслиманите и евреите, ќе ги посети Израел и палестинските територии.

XS
SM
MD
LG