Најмалку десет пожарникари се повредени, а десетици домови уништени во шумскиот пожар во јужниот дел на Калифорнија. Властите велат дека огнената стихија, што продолжува да се шири поради силните ветришта и топлото време, принудила евакуација на 13.000 жители, а се очекува тој број да продолжи да расте.
Пожарот избил порано неделава во близина на крајбрежниото место Санта Барбара и досега опфати 525 хектари. Гувернерот на Калифорнија Арнолд Шварценегер прогласи вонредна состојба во областа.
Агенцијата Ројтерс соопшти дека се води истрага под сомневање дека пожарот бил намерно предизвикан.