Линкови за пристапност

Владиниот „стрес-тест“ утврди банките да ја зголемат сумата на пари на располагање


10 од главните банки во САД треба да ги зголемат своите средства во вкупна вредност 75 милијарди долари за да бидат подготвени во случај на економски проблеми во иднина, тврдат американски владини лица задолжени за економијата.

Ваквата препорака произлезе од темелниот тест во главните банки, чија цел беше да утврди дали тие имаат доволно пари да ги покријат евентуалните загуби доколку се влоши рецесијата. Таканаречениот „стрес-тест“ утврди и дека девет други главни банки во земјата имаат доволно капитал.

Секретарот за финансии Тимоти Гајтнер во четртокот изјави дека банките мора да вратат довербата на јавноста.

„Бенк оф Америка“ треба да најде 34 милијарди долари за да може да продолжи да работи во случај на нова економска криза, додека на банката „Велс Фарго“ и` се потребни 13,7 милијарди, а на „Ситигруп“ 5,5 милијарди. Овие пари можеби ќе треба да дојдат од приватни извори, со оглед на фактот дека владата на претседателот Обама најави дека нема намера да бара нова помош за нив од Конгресот.

XS
SM
MD
LG