Линкови за пристапност

САД: намален бројот на отпуштања од работа, но невработеност нараснала на 8.9%


Стапката на невработеност во САД во април пораснала за 0,4% на ниво од 8,9%, - највисоко во последниве 25 години.

Во петочниот извештај на владиниот Оддел за труд стои и дека се намалил бројот на отпуштања од работа. Минатиот месец 539.000 лица го загубиле работното место, што е за една четвртина помалку од март годинава.

Според овој извештај, што, со оглед на економската ситуација се следи со големо внимание во земјата, американската економија од запаѓањето во рецесија во декември 2007-ма - наваму изгубила вкупно 5,7 милиони работни места.

Претседателот Барак Обама ги окарактеризира цифрите како отрезнувачки и рече дека сака промени во начинот на кој на различни владини нивоа им се помага на невработениете Американци.

Тој рече дека во некои случаи, заради „бесмислени“ правила била прекината компензацијата за невработеност заради тоа што луѓето се пријавиле за дообучување и дообразување за да се подготват за идни работни места.

На средба во Белата куќа, Обама рече дека ќе направи темелни промени во начинот на обука и друг вид на образование во следните неколку недели.
XS
SM
MD
LG