Линкови за пристапност

Убиени 140 милитанти во акцијата во Сват, тврди пакистанската армија


Пакистанската армија тврди дека убила 140 исламистички милитанти во борбите во четвртокот во Долината Сват во северозападниот дел на Пакистан. Според генерал-мајорот Атар Абаз, акцијата претставува полна офанзива за елиминирање на борците на Талебан во овој регион.


Пакистан во петокот изврши нови воздушни напади врз цели во Сват за кои се претпоставува дека се позиции на Талебан, еден ден откако премиерот и` нареди на армијата да ги елиминира тамошните милитанти. Борбени авиони и хеликоптери бомбардираа цели во областа Кабала, што е упориште на Талебан северозападно од Мингора, главниот град на Сват. Армијата исто така испрати копнени засилувања.

Според Агенцијата на ОН за бегалци, приближно 500.000 луѓе ги напуштиле своите домови поради судирот, со што вкупниот број на раселени лица во последниве месеци во Пакистан нарасна на околу еден милион.

XS
SM
MD
LG