Линкови за пристапност

Шефот на руската дипломатија гостин во Белата куќа


Американскиот претседател Барак Обама е домаќин на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во Белата куќа, согласно неговото ветување за унапредување на билатералните односи што се затегнаа поради настаните во Грузија.

Посетата на Лавров - негова прва на САД откако Обама стапи ан функцијата - доаѓа во време на нараснати тензии поради армиски маневри на НАТО во Грузија. Лавров ја откажа средбата кон крајот на месецов со претставници на НАТО откако Алијансата протера двајца руски претставници од Брисел поради сомневање за шпионажа.

Пред средбата во Белата куќа, Лавров ќе разговара со државната секретарка Хилари Клинтон. Се очекува на двене ред да бидат низа теми - од состојбата во Грузија и НАТО па се` до американските планови за контроверзниот антиракетен штит во Европа.

Американски и руски претставници неодамна започнаа разговори за заменување на Договорот за намалување на стратешко оружје од 1991-ва - СТАРТ, што истекува годинава.

XS
SM
MD
LG