Американскиот секретар за финансии Тимоти Гајтнер вели
дека расположението на Американците во однос на економската ситуација се
подобрува и дека владиниот таканаречен „стрес-тест" за банките ќе помогне уште
повеќе во таа насока.
Тестот е наменет да утврди дали главните банки
би можеле да преживеат доколку рецесијата се продлабочи. Неговите резултати во средата протекоа во
медимуите и наводно барем половина од 19-те банки треба да го зголемат бројот
на пари во готово.