Линкови за пристапност

Обама најави буџетски скратувања од 17 милијарди долари


Американскиот претседател најави нови предлог-буџетски скратувања во вкупна вредност од 17 милијарди долари.

Барак Обама рече дека владата повеќе не може да си дозволи да троши како дефицитот да нема влијание, a недомаќинското трошење во нејзини редови да не претставува проблем.

Белата куќа објави листа на 121 федерална програма што ќе бидат укинати или скратени. Владата на Обама се обидува да го намали буџетот, одејќи буквално ставка-по-ставка низ него и разгледувајќи ги трошоците.

Па сепак, скратувањето е само мал дел од 3,5 трилионите долари колку што вкупно изнесува буџетот што Конгресот го одобри минатиот месец. Конгресни пратеници се противеа на претходните напори за кратење на истите програми.

Водачот на републиканците во Претставничкиот дом Џон Бонер рече дека неговите сопартијци препорачуваат уште поголеми скратувања.

Околу една половина од скратувањата отппаѓаат на програми за одбрана, а остатокот на домашни програми. Така, ќе биде укината позицијата на аташе на владиниот Оддел за образование во Амбасадата во Париз, што ќе заштеди 632.000 долари годишно. Се укинува и програмата од 142 милиони долари годишно за сојузните држави за чистење на преостани мини на локации претходно исчистени од нив.

Секретарот за одбрана Роберт Гејтс минатиот месец веќе објави поголем дел од армиските скратувања. Меѓу нив се елиминирање на делови на програмата за борбени авиони Ф-22, како и на новата претседателска флота хеликоптери.

XS
SM
MD
LG