Група демонстранти фрлаше камења врз владини објекти во западниот дел на Авганистан во чевртокот, искажувајќи го така својот гнев поради неодамнешните цивилни жртви во земјата, за кои демонстрантите тврдат дека се резултат на американски воздушни напади.
Локалните власти велат дека полицијата отворила оган од
оружје за да ја растури толпата во градот Фарах, во истоимената покраина. Според здравствени претставници, во нередите биле
повредени четири лица, од кое едното од прострелна рана.
Толпата протестирала во врска со инцидентот што се случи
во покраината претходно неделава, кога, како што наведуваат авганситански локални
претставници, во американски воздушен напад и подоцнежна престрелка загинале
најмалку 100 лица, главно цивили.