Линкови за пристапност

Претпазливите американски потрошувачи повторно купуваат


Американските потрошувачи се чини дека наоѓаат повеќе причини да трошат пари.

Поголемите трговски куќи известија за податоци од април кои покажуваат многу подобри резултати од очекувањата на аналитичарите на индустријата.

Вол-Март, најголемата трговска компанија во светот пријави пет проценти зголемена продажба минатиот месец заради потоплото време зголемувањето на купувањето заради велигденските празници.

Аеропостал е трговски синџир за облека кој исто така видел зголемена продажба, и тоа за 20 проценти соредено со истиот период лани.

Според Томас Ројтерс, што ги следи овие движења, 35 трговски компании што во четврток ги објавија податоците, виделе заедно зголемување на продажбата за повеќе од еден процент.

Студија што ја објави Универзитетот од Мичиген минатата недела покажа дека американската потрошувачка доверба пораснала во април на највисоко ниво од пред засилувањето на финансиската криза во септември.

XS
SM
MD
LG