Американскиот Секретар за одбрана, Роберт Гејтс, вели
дека е малку веројатно телебанските борци во Пакистан да добијат пристап до
нуклеарното оружје на земјата.
Зборувајќи пред новинарите во соседен Авганистан, Гејтс
рече дека е задоволен од напредокот на пакистанската армија и силната реакција
на владата на напредувањето на Талебан на северозапад на земјата вклучувајќи ја
и долината Сват, каде пакистански
армиски хеликоптери напаѓаа осомничени талебански позиции во четвртокот.
Пакистанската армија вели дека во регионалната офанзива се убиени повеќе од 200 милитанти.