Линкови за пристапност

Меин стана петтата сојузна држава во САД со легализирани истополови бракови


Североисточната американска држава Меин го легализира истополовиот брак, со што стана петта држава што дозволува такви заедници.

Гувернерот на Меин Џон Балдачи, демократ, потпиша закон во среда, откако таа беше одобрена од државната легислатура.

Во изјава, гувернерот кажа дека во минатото се противел на истополови бракови, иако поддржувал граѓански заедници на лица од ист пол, што не им дава исти права на двојките од ист пол. Тој кажа дека сега верува дека се работи за „прашање на еднаква заштита пред законот, и дека цивилните заедници не се исто што бракот" во тој поглед.

Балдачи кажа дека „новиот закон не форсира никаква религија за да го признае бракот што не се совпаѓа со верските убедувања".

XS
SM
MD
LG