Американската
државна секретарка Хилари Клинтон изрази жалење за изгубените животи на цивили
во Авганистан.
Клинтон зборуваше во Стејт Департмент, на средба со авганистанскиот
претседател Хамид Карзаи и пакистанскиот претседател Асиф Али Зардари. Двајцата
претседатели, исто така во среда, ќе се сретнат заедно со претседателот Барак
Обама.
Карзаи кажа дека се надева оти САД и Авганистан можат да работат заедно за да се елиминира можноста за страдање на цивили.
Клинтон рече дека САД, Авганистан и Пакистан се соочени со „заеднички непријател" - екстремистите.
Карзаи и Зардари изразија волја да работат заедно.