Линкови за пристапност

Обама се среќава со лидерите на Пакистан и Авганистан 


Американскиот претседател Барак Обама има средби со претседателите на Пакистан и Авганистан во, како што велат американски претставници, напор да ги натера поблиску да соработуваат меѓу себе во борбата против екстремистичките бунтовници.

Обама одвоено се среќава со авганистанскиот претседател Хамид Карзаи и пакистанскиот претседател Асиф Али Зардари во Белата куќа, а потоа тројцата ќе имаат заеднички разговори.

Во вторник, пред средбата, Зардари кажа дека неговата влада е безбедна и дека нуклеарниот арсенал на државата е во сигурни раце.


Зардари за СиЕнЕн телевизијата во вторник кажа дека талебанското бунтовништво не е закана за неговата влада, туку за неговата сигурност. Тој тоа го нарече „ново поглавја во долгогодишните племенски и етнички конфликти“ на неговата држава.

Претседателот Карзаи, во меѓувреме, изрази загриженост за цивилнитежртви во воените акции предводени од САД во Авганистан.

XS
SM
MD
LG