Линкови за пристапност

Бајден:  Израел да прифати решение со постоење на палестинска држава


Кога летоска како претседателски кандидат го посети Израел, Барак Обама се заложи за заживување на мировниот процес и даде безрезервна поддршка за израелската безбедност. Таквиот став неделава го повтори потпретседателот Џо Бајден.

„Нема нагаѓање околу безбедноста на Израел" рече Бајден во обраќањето предпред најголемата произраелска лоби- група во САД.

Па сепак, Бајден го повика Израел да поддржи постоење на палестинска напоредно со израелската држава како решение на конфликтот.

„Нема да ви се допадне ова што ќе го кажам, но не градете нови населби, повлечете ги истурените пунктови и дозвелете слобода на движење на Палестинците врз основа на нивните првични постапки, дозволете пристап до економските можности и зголемете ја обврската за безбедноста" порача американскиот потпретседател.

Израел под власта на премиерот Бенџамин Нетанјаху се` уште го нема усвоено предлогот за создавање на палестинска држава и е повеќе фокусиран на иранските нуклеарни амбиции. Од своја страна, претседателот Обама предложи дијалог со Иран, без предуслови. Тоа било на дневен ред на средбата на Обама со израелскиот колега Шимон Перес во Белата куќа.

„Ако првата опција е активен однос кон Иран - ќе го поддржиме тоа. Ако успее, тоа може да биде најдобриот исход. Ако не успее, тогаш претседателот ќе ги каже своите намери и јас не можам да зборувам за него", рече Перес.

Аналитичарот Роберт Сатлоф кој во вторникот говореше на трибината на Гласот на Америка за првите сто дена на владата на Обама смета дека загриженоста околу Иран може да биде во полза на мировните разговори.

„Во полза на Обама е што по првпат по многу години, Иран е заедничка грижа и на Израел, и на многу арапски држави. Тоа може да помогне во заживување на дипломатијата", коментира Сатлоф.

Блискоисточниот мир ќе биде на врвот на дневниот ред на претседателот Обама месецов. За помалку од две недели, тој има средба со израелскиот премиер Нетанјаху во Белата куќа.

XS
SM
MD
LG