Линкови за пристапност

Зголемен број Американци на лекови за ментални болести


Американско истражување покажа дека цифрата на Американци кои користат лекови за ментално здравје нагло е зголемена во периодот меѓу 1996-та и 2006-та.

Извештајот во журналот за Здравје се вели дека тој пораст е 73 отсто меѓу возрасните и 50 отсто меѓу децата, во периодот од 10 години.

Истражувачите, кои собрале податоци од анкети на национално ниво, тоа го припишуваат на зголемувањето на подобриот пристап до нега и поголемо познавање за лековите за ментални болести од страна на лекарите.

Зголемена е побарувачката особено за анти-депресанти и лекови за Алцхајмеровата болест.

Автор на студијата е Ричард Френк, од Универзитетот Харвард и Шери Глајд од Универзитетот Колумбија во Њујорк.

XS
SM
MD
LG