Линкови за пристапност

Американско-кинески поморски инцидент


Американски претставници на одбраната велат дека Кинески бродови пресретнале американски брод за набљудување во Кинеското море.

Портпаролот на Пентагон Брајан Витман рече дека за инцидентот во кој бил инволвиран американскиот брод Викториус, ќе бидат преземени дипломатски мерки.

Витман рече дека кинески рибарски бродови извршиле опасни маневри во близина на бродот што изведувал „рутински операции" во областа.

Зборувајќи под услов да останат анонимни, претставници на Пентагон кажаа дека два кинески брода се привлижиле на помалку од 30 метри од американскиот, и дека американскиот брод употребил водени топови за предупредување на кинеските.

Американската морнарица соопшти дека Викториус е дел од специјалната владина флота со сонарна опрема што на американската морнарица и помагаат во откривањето на подводни закани.

XS
SM
MD
LG