Линкови за пристапност

Бернанки гледа пораст на економијата подоцна годинава


Раководителот на американската Централна банка вели дека американската економија ќе го достигне дното и подоцна годинава ќе почне повторно да расте.

Претседавачот на американските Федерални резерви, Бен Бернанки, исто така на конгресна комисија во вторник кажа дека е веројатно опоравувањето да се одвива бавно, и дека невработеноста ќе продолжи да расте за некое време.

Бернанки рече дека потрошувачките кредити ќе останат слабо достапни и бизнис инвестициите се мали, така што компаниите ќе бидат внимателни при вработување нови луѓе.

Бернанки рече дека доказ за тоа дека економијата престанува да се намалува е поголемата потрошувачка од страна на конзументите со што расте потрошувачката доверба, како и некои подобрувања во секторот за домување.

XS
SM
MD
LG