Линкови за пристапност

НБА: Атланта го елиминира Мајами


Атланта Хоукс ги елиминираа Мајами Хит и се пласираа за полуфиналето на плеј-оф натпреварите во Источната конференција. Во последниот, седми, решавачки натпревар Хоукс беа подобри со 91-78. Џо Џонсон постигна шест тројки и вкупно 27 поени. Нареден противник на Атланта – тимот со најдобар учинок во регуларниот дел на сезоната – Кливленд Кавалирс.

Во Денвер, Нагетс како домаќини ги поразија Далас Маверикс со 109-95 во првиот натпревар од полуфиналето на Западната конференција. И наредниот натпревар се игра во Денвер, каде Нагетс се без пораз последните 14 натпревари.

XS
SM
MD
LG