Линкови за пристапност

„Њујорк тајмс“:  САД загрижени за пакистанскиот нуклеарен арсенал поради талебанското бунтовништво


„Њујорк тајмс“ тврди дека официјален Вашингтон е се` позагрижен за потенцијалната ранливост на пакистанскиот нуклеарен арсенал со оглед на фактот дека земјата се соочува со обновен бран на исламистичко бунтовништво.

Весникот пренесува виши американски претставници според кои владата на претседателот Барак Обама е загрижена дека бунтовниците би можеле да запленат оружје или пак да вметнат свој симпатизер во нуклеарните постројки. Тие додаваат дека САД не знаат каде се наоѓаат сите пакистански нуклеарни капацитети, така што американската влада се` помалку може да го прифати како валидно пакистанското уверување дека оружјето е обезбедено.

Во извештајот се цитираат американски претставници дека иако Вашингтон дал околу 100 милиони долари на Исламабад да создаде посилна физичка заштита околу нуклеарните постројки и за обука за нуклеарна безбедност, на американски претставници не им било дозволено да се уверат како се потрошени парите.

XS
SM
MD
LG