Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс замина на турнеја по Блискиот исток, за да ги увери сојузниците во регионот дека дипломатскиот пристап на Вашингтон кон Иран нема да ги доведе во опасност долгогодишните врски со арапските земји.
Гејт најпрвин ќе го посети Египет, од каде ќе замине за Саудиска Арабија. Обидите на Вашингтон да допре до Техеран само ќе ја зголемат безбедноста во регионот, покрај поволното влијание за САД, оцени Гејтс во разговор со новинарите на пат за Египет. Тој рече дека дел од загриженоста во регионот можеби произлегла од „преувеличеното чувство“ за тоа какви би можеле да станат односите меѓу Техеран и Вашингтон во иднина.
Според Гејтс, иако американската влада е за подавање рака во односите со Техеран, таа сепак ќе биде „цврсто решена“ доколку наиде на „затворена тупаница“ од другата страна.