Линкови за пристапност

Милитантите убија 27 лица во Авганистан


Најмалку 27 лица загинаа во серија напади во понеделникот во Авганистан, соопштија владини претставници на оваа земја.

Во експлозија на патна мина на која налетало товарно возило во покраината Забул на југ на земјата, животот го загубиле 12 цивили. Членови на Талебан нападнале и група припадници на обезбедување во друг дел на Забул и убиле шестмина од нив. Во претходен напад на бомбаш-самоубиец во источната покраина Лагхам, загинале локален градоначачник, тројца негови телохранители и тројца цивили.

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи и официјално се пријави како кандидат за претстојните претседателски избори на 20-ти август, во обид да добие втор мандат на функцијата. Влошувањето на ситуацијата со талебанското бунтовништво во земјата и наводите за корупција во владини редови придонесоа за слабеење на рејтингот на Карзаи, дома и во странство. Но, тој засега нема посериозен конкурент за функцијата.

XS
SM
MD
LG